Поради голема експлозија на најголемиот остров, прогласена вонредна состојба на Сејшелите/видео

339
Фото:скриншот/видео РТ

На Сејшелите денеска е прогласена вонредна состојба поради голема експлозија во индустриска зона на најголемиот остров Махе, пренесе агенцијата Бета.

Претседателот на Сејшели, Вавел Рамкалаван, им нареди на сите вработени да останат дома, освен оние кои се неопходни за најважните работни места.

Училиштата се затворени, болниците примаат само итни случаи, патиштата се напукнати, а има одрони.

Оштетен е меѓународниот аеродром, иако  е оддалечен четири километри од местото на експлозијата.

Експлозијата, која уништи комерцијални објекти и домови долж источниот брег на островот Махе, се случи синоќа во каменолом каде што се чувале експлозиви во четири контејнери.

 

Не е соопштено колку лица се повредени, но се проценува дека има многу, а жителите се евакуирани од нивните куќи.