Жена чиј идентитет не е откриен, но која полицијата ја претставува како Екатерина Б, побегнала од подрумот каде што киднаперот ја чувал 14 години во Русија.
Жената, која сега има 33 години, била киднапирана во 2009 година, а на полицијата и рекла дека целото време била изложена на сексуална злоупотреба, пренесуваат руските медиуми.
Осомничениот Владимир Ческидов (51) моментално се наоѓа во психијатриска болница, под полициски надзор, а се соочува со обвиненија за убиство, силување и киднапирање.
Ческидов, наводно, убил уште една жена, 30-годишната Оксана, во 2011 година, соопшти Рускиот истражен комитет. Наводно, траги од тоа злосторство биле пронајдени во подрумот, пренесуваат руските медиуми Дејли Мејл.
Неговата мајка, Валентина, живеела во истата дрвена фарма во Смолина, регионот Чељабинск, и била свесна дека тој киднапирал жени, според извештаите.
Екатерина успеала да побегне откако мажот се напил, а мајка ѝ повикала брза помош поради него, велат од полицијата.
Онеспособен, не успеал уште еднаш да ја затвори во нејзината „зандана“, пишува Дејли Меил, повикувајќи се на локалните медиуми.
Побегнала и ја нашла својата сестра Елена со која не била во контакт 14 години, а потоа повикала полиција. Киднапираната и кажала на својата сестра дека постојано и се заканувал, пишува порталот.
„Одеше насекаде со мене држејќи нож, секогаш имаше нож во раката“, наводно рекла таа.
Се запознале кога таа имала 19 години, а тој и понудил да ја изведе на пијачка на железничката станица, и рекла таа на својата сестра.
Потоа ме повика дома“. И се започна од таму“, наводно и рекла на својата сестра, пишува Дејли Мејл.
Кога Владимир ќе излезеше, ќе ја врзеше, ќе ја прицврстеше за греда и ќе и ја залепеше устата, се наведува во извештајот.
Тие наведуваат дека ја пуштал само да ги извршува домашните работи, а од неа се очекувало да чисти, готви и да се грижи за неговата мајка.
Како што пишува овој медиум, Екатерина била од „проблематично семејство“ и додека имала сестра, другите роднини не ја барале.
Конечно побегнала, убедувајќи ја мајката на Владимир дека ќе ги убие и двајцата, по што жената повикала брза помош.
Во текстот на voicemag.ru се наведува дека во куќата биле пронајдени и „остатоци“ на друга жена.
Се додава дека отворена е истрага и за судбината на неговиот татко и неговата поранешна сопруга, чија смрт сега е под знак прашалник.
Екатерина била пријавена за исчезната во 2009 година, но полицијата не можела да ѝ влезе во траг ниту неа, ниту на другата девојка која била киднапирана.
Локалните извештаи велат дека постои сомневање дека таа била убиена со чекан, пишува Дејли мејл.
Рускиот истражен комитет во соопштението наведе:
„Во текот на истрагата на кривичното дело, беше утврдено дека осомничениот [Владимир Ческидов] бил вмешан во убиство на локален жител во 2011 година. Поради овој факт, истражните органи на Рускиот истражен комитет за регионот Чељабинск поведоа кривична постапка според првиот дел од член 105 од Кривичниот законик на Руската Федерација [убиство]. По убиството, осомничениот го распарчил телото на жената, а посмртните останки ги закопал во подрумот од куќата“, велат тие.
Како што додаваат, тој моментално е под надзор на полициски службеници во медицинска установа.
„На лице место работат истражителите и форензичарите на Рускиот истражен комитет. „Покрај киднапирањето, тој е осомничен и за сексуално злоставување на жената во текот на 14-те години од нејзиното заробеништво“, се вели во соопштението.