По неуспешниот референдум во Австралија, домородните заедници повикаа на еднонедела тишина и размислување

376
FOTO:EPA/DAN PELED AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Домородните заедници во Австралија денеска повикаа на еднонеделна тишина и размислување, откако мнозинството Австралијци на референдумот во саботата решително го отфрлија предлогот за признавање на Абориџините во Уставот.

Водачите на домородните заедници денеска објавија дека знамињата на домородните Абориџини и Мореус Торес ќе бидат спуштени на половина копје во текот на следната недела и апелираа и другите да го сторат истото, објави Ројтерс.

Домородниот австралиски водач и поранешен рагбист, Лојд Вокер рече дека патот до помирување сега се чини дека е тежок, но рече дека домородните заедници мора да продолжат да се борат.

Активистката, Џејд Ричи рече дека целата нација треба да жали за изгубената можност.

Абориџините и жителите на островот Торес теснец сочинуваат 3,8 отсто од австралиското население од 26 милиони и ја населувале Австралија пред околу 60.000 години, но тие не се споменати во Уставот и се обесправени според повеќето социо-економски критериуми отколку оние што не се домородните луѓе.

-Ова е горчлива иронија. Надразумно е што луѓето кои дојдоа на овој континент пред 235 години одбиваат да ги препознаат оние кои ја направија оваа земја свој дом 60.000 и повеќе години“, велат лидерите на домородните заедници во соопштението објавено на социјалните мрежи, пренесе Танјуг.

На референдумот во саботата, Австралијците го отфрлија предлогот за признавање на Абориџините во уставот, што е нов чекор наназад во помирувањето на земјата со домородното население.

Референдумското прашање беше „Дали сте за промена на Уставот за да се признаат Абориџините и жителите на островот Торес теснец преку формирање на домородно советодавно тело, Глас за Парламентот, кое би можело да го советува Парламентот за прашања што ги засегаат овие заедници“.

Резултатот од референдумот е ново, големо назадување во напорите да се постигне помирување со домородната заедница во Австралија, а исто така предизвикува оштетување на имиџот на Австралија во светот поради нејзиниот однос кон домородните луѓе, пренесува „Ројтерс.“