По неколкучасовна драма отворен белградскиот аеродром: Дојавата за бомба била лажна

449

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е повторно отворен од 22 часот и 30 минути по добиена дојава за бомба во авион на „Визер“ на летот од Белград за Барселона, потврдија за српски „Блиц“ од аеродромот.

Како што изјавија, им се заблагодаруваат на патниците за трпението и разбирањето.

– Нивната безбедност, како и безбедноста на персоналот е приоритет – изјавија од аеродромот.

Како што дознава „Блиц“, контра-субверзиската единица на полицијата ги извршила сите прегледи при што било утврдено дека дојавата е лажна.

Од компанијата „Визер“ претходно за „Блиц“ изјавија дека дојавата стигнала во моментот кога авионот се подготвувал за полетување.

– „Визер“ потврдува дека на 29 февруари летот 4115 од Белград за Барселона добил анонимна дојава за експлозивна направа во авионот додека се подготвувал за полетување. Авионот веднаш се вратил на оддалечена локација на белградскиот аеродром, каде сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани. Патниците беа превезени до терминалот и обезбедено им е освежување. Надлежните органи ги вршат сите потребни проверки и воспоставени протоколи. Безбедноста на патниците и членовите на екипажот е највисок приоритет на Визер“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, дојавата стигнала помеѓу 19:15 и 19:30 часот.

Авионот на компанијата „Визер“ ги отворил таканаречените тобогани со цел да ги евакуира патниците.

На социјалните мрежи се појави драматично видео од евакуацијата на патниците на кое може да се слушне: „Излегувајте, оставете го багажот!“

„Оставете го багажот и излегувајте!“: Снимена паничната евакуација на аеродромот „Никола Тесла“/ВИДЕО