Властите во Норвешка запленија рекордно количество кокаин скриено во пратка со јужноамериканско овошје, по дојава од Германија, јави ДПА.
Норвешката полиција соопшти дека оваа недела во главниот град Осло биле запленети повеќе од 800 килограми дрога.
„Сепак, досега нема уапсени“, изјави инспекторката Грета Метлид на прес-конференција.
Пратката, која се проценува на улична вредност од десетици милиони евра, е поврзана со 1.200 килограми кокаин пронајден неодамна меѓу еквадорски банани во германската покраина Бранденбург.