Почина Славе Сирачевски, еден од првите визионери на македонскиот туризам

Го поседуваше еден од најубавите македонски ресорти Аурора во Берово

89

Почина сопственикот на Аурора Турс, туристичка агенција, како и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово, кој поседуваше и угостителски објект на езерото Козјак, Славе Сирачевски.

Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.

Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!

Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!

Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.

Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.