Франкфуртската полиција наведе во соопштението дека во следните денови ќе биде објавена обдукцијата.
Исто така, полицијата наведе дека 16-годишниот играч на францускиот тим кој е обвинет за напад останува во притвор.
Тепачката меѓу играчите од тимот од Берлин и францускиот тим изби во неделата, а полицијата претходно соопшти дека жртвата се здобила со удар во предниот дел на главата или вратот.
„Итна медицинска помош му е укажана на местото на нереќата и тој е префрлен во б болница“, соопшти претходно полицијата.
Точните околности за тепачата и понатаму се истражуваат. Полицијата ги замоли сведоците кои имаат видео снимка од инцидентот да им се обратат.