Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

344

Припадникот на американските воздухопловни сили Арон Бушнел, почина од повредите откако се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, потврдија денеска властите.

Американски официјален претставник ја потврди смртта на 25-годишниот војник за NBC во понеделникот, иако не ја прецизираше причината за смртта.

Пожарникарите и медицинските служби за итни случаи на округот Колумбија одговориле на повикот за едно лице запалено пред амбасадата непосредно пред 13 часот во неделата, и откриле дека пламенот е изгаснат од униформиран персонал на Тајната служба.

Војник го снимил протестот, извикувајќи „Слобода на Палестина“, пред да падне на земја.

Во пренос во живо, тој ја нарече репресијата на Израел врз Газа „геноцид“ и рече дека тоа што го прави не е толку екстремно како страдањето на палестинскиот народ.

Според пожарникарите и итната помош, мажот бил пренесен во болница со повреди опасни по живот. Портпаролот на воздухопловните сили потврди дека е на активна должност. Од амбасадата соопштија дека никој од вработените не е повреден.

Инцидентот се случува во време кога војната меѓу Израел и Хамас влегува во четвртиот месец.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцид“: Американски војник се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон