Постери со слики од дилерите и нивни податоци

125

На бројни постери покрај фотографиите од мажи за кои се тврди дека се дилери на „Лазарев“, го има следниот опис:

„Десет години еден од главните дилери на кокаин и хероин. Претходно уапсен за дилање дрога“, „Тој се занимава со продажба на кокаин, марихуана“, „Работи како обезбедување во ноќни клубови каде што продава дрога на нашите деца“. .

Ова се само дел од пораките кои изминатите денови се појавија во оваа српска општина.

Како што пишува „Блиц“ зад се стои здружение на граѓани на кои им е преку глава од дилерите на кокаин, а тие со години предупредуваат за лошата состојба на ова место.

Обвинителството е известено за се, бидејќи објавувањето на некои информации како што е адресата на живеење е кривично дело. Но, обвинителството нема да преземе ништо, туку лицето кое смета дека е повредено мора да поденсе приватна тужба

Претседателот на здружението „Свети Сава“ за Блиц вели дека граѓаните се собрале во здружението во 2013 година откако Лазаревац изгубил многу млади луѓе поради користење на наркотици во тој период.

  • Најмногу нè погоди тоа што токму овие дилери и нивните родители отидоа на погребите и плачеа заедно со родителите на убиените деца, вели соговорник на Блиц кој сакаше да остане анонимен.

„Почнавме со лепење летоци со слики од дилери низ целиот град, а сега веќе имаме четири изданија на црната книга со околу 140 дилери на дрога, нивните слики, како и сите нивни лични податоци“, додава тој и тврди дека голем број дилери го напуштија градот, а некои беа уапсени.