Платежното средство издадено од централната банка на алпската држава ја губи довербата на финансиските пазари откако акциите на Credit Suisse паднаа на помалку од една третина од нивната претходна вредност.
Банкарската криза во Швајцарија, предизвикана од колапсот на влијателната банка Credit Suisse, која беше преземена од нејзиниот главен конкурент UBS по налог на властите во Берн, влијаеше на светските финансиски пазари да се оддалечат од користењето на швајцарскиот франк во тргувањето.
Ова го наведуваат светските економски медиуми, кои потсетуваат дека швајцарскиот франк традиционално важеше за една од четирите валути кои даваат безбедно засолниште, заедно со еврото, американскиот долар и јапонскиот јен.
Се вели дека пошироките финансиски пазари во остатокот од Европа се релативно стабилни, при што еврото и британската фунта значително зајакнаа, додека во Азија јенот расте уште повеќе.