Европскиот првак Магдебург објави дека е потпишан нов договор со чуварот на мрежата Никола Портнер. Според новиот договор, голманот на швајцарската репрезентација ќе остане во Магдебург до 2027 година.

Тој се пресели во Магдебург од тимот на Шамбери во сезоната 2022/23 и во првата година освои трофеи на Супер Глоуб и Лигата на шампионите. Уште во првата сезона ги убеди челниците на германскиот клуб во своите квалитети и потпиша договор на долг рок.