Четири лица го загубија животот денеска во престрелка во просториите на бродска компанија во предградието на Атина, меѓу кои и напаѓачот кој се самоуби, соопшти полицијата.
Напаѓачот во понеделникот наутро провалил во седиштето на компанијата European Product Carriers, отворил оган и убил три лица, двајца мажи и една жена, а потоа се забарикадирал во подрумот каде што бил пронајден мртов.
До него лежело оружјето употребено во нападот.
Според првите информации се чини дека се самоубил“, велат од полицијата.
Мажот, чиј идентитет не се открива, грчките медиуми го претставија како поранешен вработен во компанијата во атинското предградие Глифада, кој добил отказ.
Поморската компанија European Product Carriers е основана во 1979 година и има флота од 35 бродови, од кои повеќето се нафтени танкери.
Освен пристаништето Пиреја, свои канцеларии имаат и бројни грчки бродски компании во Гифада, крајбрежна област јужно од Атина, пренесе Н1.