Сателитските антени на Starlink пристигнаа во Украина помалку од 48 часа откако Илон Маск објави дека неговата компанија SpaceX ќе испрати помош до земјата која се обидува да се одбрани од руската агресија.
Украинскиот министер за дигитална технологија Михаило Федоров објави фотографија на која се прикажани повеќе од десетина кутии со кориснички терминал за поврзување на сателитите, држач за монтирање и емитер на Wi-Fi.
Тој му се заблагодарил на Маск, на што тој одговорил – „Повелете и друг пат“.
Старлинк е активен во Украина „Старлинк работи во Киев“, напиша Олег Кутков на Твитер и објави скриншот од тестот за брзина на интернет конекцијата.
Starlink — here. Thanks, @elonmusk pic.twitter.com/dZbaYqWYCf
— Mykhailo Fedorov (@FedorovMykhailo) February 28, 2022
Да потсетиме, Маск во саботата објави дека Starlink веќе е активен во Украина.
Спејс Икс до денес лансираше 2.000 сателити Starlink, а моментално има околу 145.000 корисници кои плаќаат 99 долари месечно за стандардна услуга или 500 долари за премија.