Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“, наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември.

Аеродромот „Радом“ се наоѓа 110 километри од центарот на Варшава. Поранешниот воен аеродром во 2015 година беше пренаменет за цивилна воздушна пловидба и опслужување комерцијални летови.