Идниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маурицио Покетино, испратил јасна порака до раководните лица дека сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала. Во договорот на Аргентинецот има ослободителна клаузула за странските клубови и истата се активира со понуда не помала од 12 мил. евра.