Сузан Даубнер, познатата водителка на германската телевизија АРД, за време на програма во живо доживеа напад на смеа, по што долго време не можеше да се стабилизира.
Иако 24 години е пред телевизиските екрани, водителката не можела да се контролира, па им се извинила на гледачите.
„Ве молам извинете“, рече водителката, но таа не можеше да си дојде на себе.
Имено, таа требаше да ја прочита веста за самитот на канцеларката Шолц, но не можеше да го стори тоа, пишува Билд.
Сузан подоцна откри за Билд дека до ден денес сè уште не знае што и се случило и дека претпоставува дека причина за смеењето бил нејзиниот колега Лориг, кој претходно се вклучил во програмата во живо и и рекол дека направил репортажа за рагбито во Франција, иако не ги знае правилата на тој спорт.
Погледнете како тоа изгледаше во видеото подолу:
Wenn Du morgens noch nicht ganz wach bist und alles lustig findest! Im ARD-Morgenmagazin wollte Susanne Daubner eigentlich die tagesschau-Nachrichten zum „Chemiegipfel“ im Kanzleramt verlesen. Eigentlich – denn was Sven Lorig dann sagte, löste einen Lachflash bei ihr aus … pic.twitter.com/q9LYLoQLvo
— tagesschau (@tagesschau) September 27, 2023