Погребан поранешниот француски претседател Жак Ширак

96

Поранешниот француски претседател Жак Ширак беше погребан денеска на приватна церемонија на гробиштата Монпарнас до неговата ќерка Лоранс, која почина во 2016 година.

Комеморацијата претходно се одржa во црквата Сен-Сулпис во Париз. Му беше оддадена воена почест со плотуни и национална химна.

Францускиот претседател Емануел Макрон не одржа говор на комеморацијата, а присутни беа многу француски политичари, меѓу кои и поранешните претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд.

Во Париз беа и рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.