Погребан Алексеј Навални: Рускиот опозициски лидер испратен со звуците на песната „My Way“ на Френк Синатра/ВИДЕО

104
EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше погребан денеска на гробиштата Борисовски во Москва. Пред насобраните голем број луѓе, Навални беше испратен со звуците на песната „My Way“ од Френк Синатра.

Претходно во црквата на Богородица во Москва се одржа богослужба. Околу час и половина пред почетокот на богослужбата и погребот се формираа долги редици луѓе, пренесува Гардијан.

Панихидата беше предводена од свештеник и придружена со хорско пеење. Луѓето можеа да поминат покрај отворениот ковчег на покојникот и да му оддадат почит

Погреб на Алексеј Навални: Долги редови на испраќањето на критичарот на Путин, пристигна предупредување од Кремљ/ВИДЕО