Иако има 36 години, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, не престанува да ги поместува границите и да ги руши сите можни рекорди. Тој веќе докажа дека е најдобар тенисер на сите времиња, а неодамна во Њујорк по 24-ти пат во кариерата успеа да го подигне трофејот на грен слем турнирите, па сега има два повеќе во својата витрина од Шпанецот Рафаел Надал и четири од Швајцарецот Роже Федерер,кој и официјално замина во пензија.
Новак постојано го изненадува свет светот, а сега истото му го направи и на својот поранешен тренер Германецот Борис Бекер.
– Веќе ништо не ме изненадува кај Новак – рекол Бекер и потоа додал:
– На 36 години се уште има мотивација, желба, вложува време… И веќе не мора никому ништо да докажува. Сега ја стигна и Маргарет Корт, која исто така има 24 грен слем титули и е најстар победник на еден од четирите големи турнири. Тоа е неверојатно – додаде Борис.
Славниот Германец уште еднаш повтори дека Новак ги поместува сите граници!
– Во одреден момент станувате физички и психички премногу стар за натпреварувачки спортови. Но, тука повторно Новак Ѓоковиќ ги поместува границите. Мислам дека сите ние кои го сакаме тенисот, кои исто така го почитуваме, сме малку без зборови.
Новак, по освојување на титулата во Њујорк и настапот во Дејвис Купот, соопшти дека нема да игра на мастерс турнирот во Шангај.
-Со текот на годините, имав поддршка во Кина каква што ретко сум ја имал на друго место во светот, Шангај отсекогаш бил еден од моите омилени турнири во сезоната. Ќе ми недостигаат моите фанови во Кина. Се надевам дека ќе дојдам во Кина повторно во иднина и ќе играм пред вас, напиша Србинот на своит профил на друштвената мрежа „Твитер“
Ѓоковиќ четири пати го освојуваше овој турнир, последен пат во 2018 година. Турнирот во Шангај не се играше во последните две години поради пандемијата на Ковид и ова ќе биде прво издание по тој период.