Пленковиќ пред свршен чин: На Самитот во Брисел доби прашање дали би го уапсил Путин доколку дојде во Хрватска

72

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ даде изјава во Брисел по дводневната пролетна средба на Самитот на европските лидери. Главните теми на самитот беа натамошната поддршка за Украина, особено во доволни количества муниција, конкурентноста на европската економија, особено во однос на САД и Кина, како и внатрешниот пазар и прашањата за енергетиката и миграцијата.

Доколку рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, дојде во Хрватска, тој ќе биде уапсен во согласност со процедурата предвидена со закон, изјави во петокот во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Хрватска пристапи кон статутот на Меѓународниот кривичен суд и беше донесен закон за соработка со тој суд.

„Тој закон ги предвидува сите процедури во случај да има потерница за апсење на лице, а јас колку што знам тука не важи имунитетот. Според тоа, постапката би била токму како што е предвидена со тој закон и секако би реагирала хрватската полиција и надлежните органи“, рече Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Хрватска ќе постапи во случај на посета на Путин.

Пленковиќ истакна дека ваквата посета „впрочем не е реална“.