Планот за Расадник нуди загушување поради големиот број планирани висококатници, велат од „За Расадник на можности “

817

“Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам ги слушавме постојано, како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… – се дел од коментарите на фејсбук профилот на групата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“.

Оттаму велат дека 32 хектари е зелениот дел од расадникот, 14 хектари или 40% е во државна сопственост и 18 хектари е во приватна сопственост. А со предлог планот 90% приватна сопственост и 10% државна сопственост.

– Височината на зградите е исто така проблематична бидејќи се отстапува од досегашниот модел П+7 и огромен број од предвидените згради се 14 катници што ќе ја наруши целосно ружата на ветрови во цела Кисела Вода и енормно ќе го зголеми аерозагадувањето – велат од „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“.

Сметаат дека последниот предлог Детален Урбанистички План за градска четврт Расадник, претставува „кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија и план кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на 20 век”.

– Во предлог ДУП-от за Расадник се планира изградба на училишта под два далноводи, едниот од 110 кв, а другиот од 10 кв. Израдба на училиште под два толку силни извори на техничкото зрачење и според сите научни студии доведува до разните заболувања: леукемија, тумори, изливи, алергии, дијабетес, намален вид, мигрени, стерилитет и сл. Дали носителите на овој план ќе ги дадат нивните деца да се образоваат во ова училиште – прашуваат тие.