Поранешниот ракометар на Вардар, Жереми Тото, од следното лето ќе има нов предизвик во кариерата, пишува 24Ракомет. Францускиот репрезентативец ќе го облече дресот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед и ќе биде замена за Словенецот Матеј Габер.

Ова ќе биде трампа меѓу Нант и ПИК Сегед, бидејќи Габер се сели во спротивна насока и одново ќе игра во Франција, откако своевремено беше дел од Монпелје. Тото ја игра втората сезона во Нант по трансферот во Вардар, а таму ја дели минутажата со Тео Монар и Вилијам Хогхиелм.