Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, се погрижи во следната сезона неговите играчи да играат со нови дресови во кои ќе изгледаат како вистински кралеви на теренот.
На интернет страницата todosobrecamisetas.com објавено е како ќе изгледаат новите дресови на Реал. Првата гарнитура со која „кралевите“ ќе играат во Бернабеу изгледа прекрасно, таа е во бела боја со златни детали.
Многу убаво изгледаат и втората и третата гарнитура со кои играчите од Мадрид ќе играат на гости, но сепак реакциите на спортската јавност укажуваат дека навивачите се најсреќни со изборот на првиот дрес.