Пелоси: Трамп не обрнува внимание на предупредувањата од разузнавачите

99

Претседавачката со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси оцени дека претседателот Доналд Трамп не обрнува внимание на предупредувањата од неговата администрација за заканите што ги претставуваат Северна Кореја, Иран и други држави.

Таа додаде дека е вџашена од тоа што Трамп не обрнува внимание ниту има желба да слушне што му кажува разузнавачката заедница.

Трамп ги нападна шефовите на разузнавачките служби откако во Конгресот изјавија дека е малку веројатно дека Северна Кореја ќе го демонтира својот нуклеарен арсенал, како и дека функционира Договорот со Иран,

– Можеби разузнавачите би требало да се вратат во училиште, изјави Трамп.

Таа истакна и дека нема да бидат издвоени средства за изградба на ѕид на границата со Мексико, за Владата да продолжи со работа по 15 февруари.