Веќе неколку дена се зборува за големото засилување кое го донесе одбојкарскиот клуб Партизан, но иако важи за одличен играч, сепак, знае да биде доста контроверзен. Станува збор за Рикард Калво Манкано, кој игра на позицијата „кревач“, а пристигна од Куба и е во своите најдобри одбојкарски години (28).

Калво сезоната 2020/21 ја мина во Спартак од Суботица, потоа беше во Раднички од Крагуевац, додека во Партизан пристигнува по епизоди во Кина и Турција.

Меѓутоа, во неговата играчка кариера има „празнина“ меѓу настапите за Виља Клара и Захра, бидејќи тој период лежеше во затвор поради – силување!

Сето тоа се случило за време на турнирот од Светската лига во Тампере, Финска (2016 година), кога пет кубански одбојкари беа осудени за силување и добија од три ипол до четри години затвор. Покрај споменатиот Манкано, осудени беа и Гавилан, Уриарте, Сиера и Абреу.

Рикардо Калво Манцано помина една година во затвор, бидејќи казната беше намалена двапати, па беше ослободен во 2017 година, но ги пропушти Олимписките игри во Рио во 2016 година и со многу потешкотија му се врати на спортот.