Пакета или Гимараеш

59

Актуелниот европски клупски шампион и бранител на тронот во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити, веќе ја започна потрагата по наследникот на белгискиот интернационалец Кевин де Бруин. Британските медиуми открија дека раководните лица на „граѓаните“ најмногу се заинтересирани за бразилските интернационалци од редовите на Вест Хем и Њукасл, Лукас Пакета и Бруно Гимараеш.