Откриено со што бил отруен битолскиот бизнисмен

209

Битолчанецот, кој откако се напил вода во познат угостителски објект во Битола, заврши на токсикологија со труење и тешко оштетување на органите, бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид. Оваа течност како 2% раствор се користи за машинско миење на чаши, онјави Канал 5.

На 42-годишниот битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот. Тој веќе три дена се лекува на Клиниката за токсикологија, каде што бил пренесен од битолската болница. Во моментов е на Интензивна нега во стабилна состојба, но докторите не исклучуваат хронични проблеми откако ќе заврши болничкото лекување.

Случајот е пријавен во полиција во вторникот, околу 15 часот и 30 минути. Неговата сестра пријавила дека на пациентот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што најпрво бил примен во битолската болница.

„Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Според неофицијалните информации, се работи за познат битолски бизнисмен.