Откриено каде се наоѓа телото на Навални

512
Фото: EPA-EFE/NILS MEILVANG DENMARK OUT

Новаја Газета Европа дознава дека телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални се наоѓа во мртовечницата на болницата во Салехард.

По ненадејната смрт на Навални во петокот, неговото дело првин беше однесено во градот Лабитнанга, 36 километери оддален од затворската колонија во која ја отслужуваше 19-годишната затворска казна во градот Харп, на далечниот руски север, наведоа неименувани извори за Новаја Газата Европа.

Новаја Газета Европа дознава дека телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални се наоѓа во мртовечницата на болницата во Салехард.

Тие додадоа подоцна дека во петокот телото било преместено во областната клиничка болница во регионалната престолнина Салехард.

„Вообичаено телата на оние кои починале во затворот се носат прво во Канцеларијата за форензичка медицина во улицата Гласков, но во овој случај од некоја причина телото е пренесено во клиничката болница“, изјавил болничар во Брза помош на Салехард.