Откриена точната причина за исфрлањето на Бензема

560
epa10307434 France’s Karim Benzema (R) talks to Kylian Mbappe (L) during a training session in Clairefontaine-en-Yvelines, south of Paris, France, 15 November 2022. France will face Australia on 22 November 2022 in their first match of the FIFA World Cup 2022 in Qatar. EPA-EFE/YOAN VALAT

Последниот освојувач на „Златната топка“, напаѓачот на Реал (М), Карим Бензема, не доби шанса да настапи и на Светското првенство во Катар. Поради повреда мораше да ја пропушти групната фаза, но откако се рехабилитираше од повредата, Бензема сфати дека е непосакуван во националниот тим.

Новинарот на „Л’Екип“, Ромаин Молина, откри што точно се има случено пред да биде донесена одлуката за исфрлање на Бензема од репрезентацијата на Франција.

Иако не беше избришан од конечниот список за патници на Мундијалот во Катар, селекторот на Франција, Дидиер Дешамп, не сакаше да врати во националниот тим иако Бензема целосно се рехабилитирал од последната повреда. Голем притисок врз селекторот направиле неколку репрезентативци кои не сакале да соработуваат со напаѓачот на „кралскиот клуб“.

Молина открива дека пред да биде донесена конечната одлука бил одржан состанок на кој биле Бензема, Гризман, Лорис и Погба. Иако не била донесена никаква одлука, Бензема лесно дошол до заклучок дека е непосакуван во националниот тим.

Гризман бил најгласен во ставот дека Бензема треба да остане надвор од репрезентацијата затоа што бил свесен дека само на тој начин ќе има статус на стандарден првотимец.

Само што заврши Мундијалот во Катар, Бензема и официјално потврди дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Франција.