Отворен 77. Кански филмски фестивал: На црвениот тепих доминира високата мода, филмската ветеранка ги остави сите без здив/ФОТО

277
EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Започна 77. Кански филмски фестивал, еден од најважните и најпрестижните настани во светот на кинематографијата. Златната палма е синоним за квалитет, а покрај тоа што гледаме одлични филмови, секоја година имаме можност да уживаме во врвната елеганција и софистицираност на познатите убавици на црвениот тепих.

Фестивалот во Кан беше отворен вечерва, 14 мај, со премиерата на филмот „Вториот чин“, а на црвениот тепих продефилираа бројни европски и меѓународни актерки, манекенки и инфлуенсери кои ни ја покажаа магијата на високата мода на дело.

Вечерва особено ни се допаднаа изданијата на руската манекенка Татјана Корсаков во елегантен, но заводлив фустан од зелен плиш, а манекенката Тејлор Хил покажа дека нема грешка со црно-бел тоалет.

Легендарната Џејн Фонда беше и остана класа, а тоа сега го докажа и во Кан. На 86-годишна возраст во класичен црн костум и капут со леопард принт ги засени сите останати благодарение на својот став и вродената елеганција.

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER