Вечерва на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград пристигна анонимна дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“, поради што итно се евакуирани патниците.
Според компанијата, дојавата се случила додека авионот бил на земја.
– Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат безбедни додека не се извршат сите потребни проверки“, соопштија од компанијата и додаваат дека безбедноста на патниците не е загрозена.
На социјалните мрежи се појави и драматично видео снимено при евакуација на патниците.
Како што напиша „Блиц“, авионот на „Визер“ за Барселона ги отворил таканаречените тобогани за евакуација и тогаш започнала драмата.
– Ја блокираше пистата и создаде голем проблем. Очекувајте големи одложувања, пренасочувања и откажувања. Постои опасност до полноќ сѐ да биде затворено – изјави нашиот извор.
Како што претходно известија српските медиуми, некои летови беа пренасочени кон Темишвар.
View this post on Instagram