Осмомартовска планинарска акција по патеката низ Бислимска Клисура

59

Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013“ од Куманово, по повод 8 Март, в недела ќе ја организира празнична планинарска акција, а ќе треба да се помине патеката низ атрактивната Бислимска Клисура.

– В недела на 3 март во 8.30 часот ќе се собереме кај фудбалското игралиште во село Пчиња од каде што и ќе се тргне по маркирана патека – велат од ЗПЗП „Козјак 2013“.

Должината на кружната патека е околу 14 километри. За сите пријавени со организиран превоз ќе има бесплатен автобус. Задолжително да е да се носат разгазени планинарски обувки и повеќеслојна облека соодветна на метео-условите. Храна и вода за осумчасовен престој во природа. На патеката нема вода за пиење. За време на настанот, забрането е движење пред водичот кој ја води групата како и зад последниот водич во колоната.

– За време на настанот, почитувајте ја околината, сите отпадоци вратете ги со вас до населеното место од каде што ќе можат да бидат соодветно третирани – предупредуваат од ЗПЗП „Козјак 2013“.