Нигерискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Виктор Осимен, планира во следните неколку недели да донесе конечна одлука околу неговата следна дестинација. Искусниот напаѓач ќе биде продаден ова лето за најмалку 120 мил. евра, а на неговата адреса веќе пристигнаа понудите на Арсенал, Челзи и на ПСЖ.