Актерот Орландо Блум викендов беше во ненадејна посета на Украина, каде во Претседателската палата се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски, пишува ТМЗ.
Блум помина три дена патувајќи низ земјата разорена од војна, која сè уште е под опсада на руската армија, како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, организацијата на Обединетите нации која обезбедува меѓународна хуманитарна помош за децата.
За време на патувањето, Блум ги посети Ирпин, Демидов и Киев, каде што разговараше со Зеленски во претседателската палата за помош на украинските деца додека трае руската војна.
„Гледајќи ги децата, гледајќи ја загриженоста во нивните очи… а сепак силата на украинскиот народ е нешто што навистина предизвикува стравопочит“. И секако, вашите објави се причина за тоа. Значи, извонредно е да се види како ја држите оваа земја“, му рече Блум на Зеленски.
Блум додаде дека УНИЦЕФ сериозно го разгледува прашањето за исчезнатите украински деца и потребата од згрижувачки семејства наместо групни домови за деца.
Тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“.
„Секако, тој што нема да биде спомнат поради тоа стана воен злосторник. И толку е страшно тоа што се случува“, додаде тој.
Пред заминувањето, Блум му подари на Зеленски подарок од неговиот будистички ментор и лична порака од неговата мајка: „Вашиот пораз би бил пораз на надежта, затоа морате да победите“.
Досега 465 украински деца се убиени за време на војната, а уште околу 14.000 се киднапирани и депортирани во Русија, според украинските власти.
View this post on Instagram