Вкупно 11 милиони денари годинава инвестира Општина Бутел во општинските основни училишта и во образованието.
– Инвестираме во нови училишни смарт-табли. Ќе го обновиме училишниот инвентар со нови клупи и столчиња. Учениците од второто полугодие ќе ги добијат и училишните униформи. Две нови фитнес игралишта ќе добијат основните училишта „Гоце Делчев” и „Свети Климент Охридски” – најави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој додаде дека со ова за период од две години се заокружуваат 53 милиони денари инвестиции во образованието.