Цените на билетите за метрото во Париз ќе бидат двојно повисокиво текот на Олимпијадата во 2024 година, објави претседателката на регионот на француската престолнина, Валери Пекресе, додавајќи дека жителите ќе бидат заштитени од привременото покачување на цените – со пропусници, а на посетителите ќе им се наплаќа „двојна цена“.

  • Во текот на Олимписките и на Параолимписките игри, регионот Ил-де-Франс двојно ќе ја зголеми својата транспортна понуда. Не доаѓа предвид жителите да ја поддржат оваа цена. Ќе создадеме нова пропусница, пропусница Париз 2024, која ќе им овозможи на посетителите да патуваат низ целиот регион Ил-де-Франс. Ќе чини 16 евра дневно и до 70 евра неделно. Тоа е фер цена – истакна регионалната претседателка Валери Пекресе.

Таа рече дека билетот за метро ќе чини четири евра во периодот од 20 јули до 8 септември, додавајќи дека тоа нема да влијае на жителите на регионот со редовен месечен или годишен билет. Месечниот билет, инаку, чини 84,10 евра.

Градоначалничката на Париз минатата недела предупреди дека услугите на јавниот транспорт, обезбедени од регионалните власти, ќе бидат недоволни во текот на настанот и дека градот е во опасност од колапс поради недоволната инфраструктура. Олимписките игри ќе се одржуваат од 26 јули до 11 август, а Параолимписките игри – од 28 август до 8 септември.