Англискиот судија Мајкл Оливер го заврши учеството на Светското првенство во Катар, соопшти Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Британски „Сан“ пишува дека ФИФА одлучила да го испрати Оливер дома, иако тој одлично го контролирал четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Бразил и Хрватска. Овој натпревар заврши без голови во регуларниот дел, а по продолженијата беше 1:1. Хрватска се пласираше во полуфиналето по пенал рулетот. Во Катар, Оливер ги судеше натпреварите од групната фаза меѓу Костарика – Јапонија (1:0) и Мексико – Саудиска Арабија (2:1).

Британските медиуми пренесуваат дека на Мундијалот остана вториот англиски судија Ентони Тејлор, кој со своите помошници има големи шанси да го води финалето на Мундијалот во Катар.