Околу 500.000 Италијанци годинава ќе го загубат работното место

29

Поради кризата со новиот коронавирус, во Италија околу 500.000 луѓе ќе ја загубат работата, а стапката на вработеност во таа земја од периодот пред пандемијата ќе се врати на исто ниво дури во 2023 година, според проценката на италијанската Национална агенција за активни политики на пазарот на трудот (АНПАЛ).

Половина од работните места што оваа година ќе бидат укинати, следната година 50 отсто од нив да бидат отворени повторно.

Италија со повеќе од 60 милиони жители, пред кризата со Ковид-19 имало вкупно 23,4 милиони вработени лица.

Италија, со околу 33.000 жртви на новиот коронавирус, се соочува и со сериозни економски последици од најдолгиот карантин во Европа, од кој по 2,5 месеци постепено го рестартира бизнисот.