Ози Озборн го обвини Кање Вест за кражба

129
Фото:EPA/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Озборн на социјалната мрежа Х напиша дека претходното барање за одобрување дел од споменатата песна да го искористи во својот албум ја одби бидејќи, како што напиша во објавата на социјалната мрежа Х, е антисемит кој „на многумина им нанесе неискажлива болка во срцето“.

„Не сакам да се дружам со човеков“, додаде Озборн чија сопруга Шерон Озборн неодамна за „Џуил кроникл“„ изјави дека јудаизмот е нејзината единствена религија.

На крајот од минатата година Вест се извини за своите претходни антисемитски коментари, кои предизвикаа негодување и кај американскиот претседател Џозеф Бајден, како и кај Лигата за борба против клевети.