Младиот Марко Пејчиновски продолжува да испишува историја, а тоа го потврдува неговиот последна успешно испливана релација, посветена на децата со ретки болести.
Пејчиновски за вкупно девет часа исплива од Охрид до Струга и назад, а од неговиот официјален профил се заблагодарија за пружената поддршка.
„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, стои во објавата.