EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

На возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, воопшто не му се допаѓа спринт-форматот во Мото ГП, кој од оваа сезона се применува во шампионатот. Тој истакна дека се плаши дека наскоро ќе има големи инциденти на патеката.

Во петокот, Пол Еспаргаро имаше несреќа на вториот слободен тренинг, а еден ден подоцна, Фабио Бастианини се здоби со повреда на рамото, по тежок пад за време на спринт-трката.

Квартараро, кој заврши десетти, имаше инцидент во првиот круг со Жоан Мир од Хонда, по што Мир излета. Во следниот круг дојде до контакт меѓу Лука Марини и Бастијанини, кога дојде до повреда на Фабио.

  • Ништо не ми се допаѓа. Наскоро ќе има големи несреќи. Ова е џунгла! Ние не сме во возила што може да имаат контакт и сето тоа да мине без повреда на возачот. Таму е многу побезбедно. Денес излетаа Марини, Мир и Бастијанини, но во иднина ќе има многу повеќе излетувања – предупреди Квартараро.

Тој смета дека би било побезбедно да има две целосни трки наместо спринтови за време на викендот.

  • Не сум изненаден од нивото на агресивност. Тоа се 12 круга. Дајте 25 круга. Физички ќе биде тешко, но за 25 круга имате малку повеќе време. Ако ја загубите позицијата во спринтот сега, во неволја сте. Бев последен затоа што имав контакт. Научив дека сум виновен. За безбедност, подобро е да имаш 25 наместо 12 круга – смета возачот на Јамаха, кој воедно апелира целосно да се промени ваквиот формат.