Jавниот превоз денеска, среда (29.11.2023 год) и утре четврток (30.11.2023 год), поради одржување на министерскиот совет на ОБСЕ, ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното.
Во петок (1.12.2023 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.
Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.
Денеска автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен), а во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Почнувајќи од денеска, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.
Наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, линиите 7, 15, 19, 26, 29 и 59 ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“
Линиите 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Битпазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајнитестојалишта
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.
Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден.