Нормализиран железничкиот сообраќај, постигнат е договор за платата на машиновозачите

67

Железничкиот сообраќај во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Како што наведува Димовски, со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт договорена е исплата на вториот дел од платата за јуни во петок, како и отпочнување на преговори за барања за измена и дополнување на систематизацијата.

Во тек на неколку часовниот прекин на железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.