НОВ ПРИЈАТЕЛСКИ ГЕСТ НА ХАМАС КОН РУСИЈА: Во знак на благодарност до Путин, ослободени се уште двајца заложници со руско државјанство

66
EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV/SPUTNIK

Хамас денеска ќе ослободи дополнителни руски заложници во знак на благодарност за ставот на Путин кон Газа, пренесува руската новинска агенција Тасс.

„Не ослободивме ниту еден Израелец кој е во Газа, освен Русинот Рон Кривој, кој го ослободивме во знак на благодарност за односот на рускиот претседател Путин“, го цитира Тасс претставникот на Хамас Муса Абу Марзук.

„Ќе ослободиме уште неколку Руси денес надвор од примирјето“, додаде Марзук.

Тасс забележува дека Марзук неодамна ја посетил Москва. Кривој беше ослободен на 26 ноември. Рускиот Израелец работел како техничар за звук на музичкиот фестивал „Нова“ кој беше нападнат од Хамас. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Кривој е ослободен поради руските дипломатски контакти со Хамас.