Нови три случаи на голема кашлица, вкупно 15 од почетокот на годинава

Комисија за заразни болести одлучува

74

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, потврди дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарски прашања, кажа дека ќе остави на професионалците да одлучуваат какви мерки ќе се преземат понатаму во врска со големата кашлица.

–На седницата на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа каква е состојбата.Таму има врвни професионалци, ќе одлучат како понатаму. Состојбата е под контрола и ние ги надгледуваме сите состојби во здравството, не само за заразни болести. Веќе е месец февруари, ќе им дојде крај и на овие вируси и други состојби што го влошуваат здравјето на пациентите – рече Меџити, прашан дали ќе побара од Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија во Скопје.

Комисијата за заразни болети за актуелната состојба со пертусис и грип ќе дискутира на утрешниот состанок и ќе  соопшти какви мерки се неопходни за да не дојде до епидемија. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во неколку наврати кажа дека при крајот на февруари  и почетокот на март се очекува пик на грипот и други слични вируси.