Новите маки на Бајден!/ВИДЕО

442

Телевизиските камери ја снимија „борбата“ на американскиот претседател Џо Бајден со палтото и очилта на излезот од авионот.

Американскиот лидер не успеа сам да се справи со оваа ситуација, но на крајот му помогна сопругата Џил. Таа му го задржа палтото за да може да се облече, а потоа му се случи уште еден малер. Само што убаво го намести палтото, му испаднаа очилата за сонце.

Бајден се наведна и сам ги крена од земја.

Инаку, ова е прво службено патување на Бајден откако неодамна прележа корона вирус. Американскиот претседател е во Кентаки.