Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“  

25

Oсновно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, деновиве доби нова опрема за потребите на учениците.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека во ова училиште од почетокот на годината досега направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.

-За подобрување на квалитетот на часовите по физичко и здраствено образование набавени се 50 квадратни метри мека подлога за заштита на учениците, наречена татами, училишната кујна е збогатена со професионални елементи, (шпорет, фрижидер и масичка). Во делот за одржување на квалитетот на образовниот процес набавени се и три смарт табли.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.