Еколошки активисти намачкаа мешавина од кал и чоколадно млеко на фасадата на црквата Свети Марко во Венеција, на последниот протест за заштита на климата, кој најостро го осуди градоначалникот на тој италијански град.
Полицијата набрзо приведе шест активисти кои учествувале во тој потфат. Засега нема информации дали е причинета трајна штета на таа византиска црква, симболот на Венеција.
Активистите на Движењето на последната генерација бараат фонд за репарации од 20 милијарди евра за обештетување на Италијанците за штетите предизвикани од климатските промени. Тие ги наведоа заканите од покачувањето на нивото на морето во Венеција, како и лизгањето на земјиштето што неодамна погоди некои италијански заедници.
Тие рекоа дека течноста посипана на фасадата и столбовите на црквата содржи мешавина од кал и чоколадниот пијалок „Несквик“.
Un gesto gravissimo e vergognoso che condanniamo fermamente!
Gli attivisti per il clima hanno imbrattato poco fa l’esterno della Basilica di San Marco a Venezia, sembra con del liquido misto a fango. Al momento speriamo senza danni permanenti.Ora basta, è legittimo esprimere… pic.twitter.com/y51L8ZBv4W
— Luigi Brugnaro (@LuigiBrugnaro) December 7, 2023
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунјаро, го осуди протестот како „срамен и сериозен чин на вандализам“. Тој рече дека активистите имаат право на протест, но дека мора да го почитуваат законот и културното и верското наследство на државата.
Активистите, пак, се осврнаа на повикот на папата Франциско да се заштити животната средина.
Судот во Ватикан неодамна осуди двајца активисти на Последната генерација и им нареди да платат парична казна од повеќе од 28.000 евра, по акција во која ги залепиле рацете на столбната плоча на античка статуа во музејот на Ватикан за да го привлечат вниманието на нивните поплаки.
Во други протести на активисти за заштита на животната средина, автопатите беа блокирани во различни делови на Италија, а беше снимена рака како се држи до заштитното стакло на сликата на Ботичели во галеријата Уфици.