Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, го претрпе шестиот пораз во Лигата на шампионите. Европскиот гигант и актуелен вицешампион, тимот на Киелце се радуваше на победа во сала „Боро Чурлевски“ со 24:21.
Најдобар поединец кај домашниот тим беше Радивојевиќ со шест гола, четири имаше Пешевски, а Борзаш заврши со три гола. На голот одличен беше и Лесјак со девет интервенции. Во следното коло пелистерци ќе патуваат за Унгарија, каде треба да се судрат со ПИК Сегед, натпревар кој се игра на 16 ноември.