Нико е желба на „Ноу Камп“

293

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал доби сериозна конкуренција во каталонскиот гигант Барселона кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на Атлетик (Б), Нико Вилијамс. На репрезентативецот на Шпанија ќе му биде дозволено да ја промени средината за време на летниот преоден рок доколку се активира ослободителната клаузула во неговиот договор од 50 мил. евра.